Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави ново видео насловено Манифест за бескрајната борба.
„Борбата никогаш не престанува. Секоја генерација има своја битка, исто како и нашата генерација. Денес ние имаме историска улога и одговорност да извојуваме победа која ќе донесе подобри времиња за Македонија.
Нашата победа е обновата. Обнова која ќе донесе повеќе правда, вредности, принципи, работа, пари, здравје и среќа. Повеќе Македонија за секого. Исправи се Македонијо! Одбери Обнова!“ вели Мицкоски