Лацио се чини нема да дочека да земе титула и да ја прекине доминацијата на Јувентус во Италија. Последните лошо резултати влијаеа „сините“ од Рим да се оддалечат од „Скудетото“ кое веројатно повторно ќе замине во Торино.

Лацио после поразот од Милан на домашен терен со 0:3, сега загуби од Лече со 2:1 и за прв пат „врзува“ два порази по ред сезонава.

Сајсидо донесе водство за Лацио во 5. минута и се тргна добро за гостите. Бабакар донесе израмнување во 30. минута, а потоа пред крајот на првиот дел Лече не реализираше пенал. Манкосу шутираше над голот.

Пеналот како да не беше доволна опомена за „лацијалите“ кои во вториот дел примија уште еден гол. Лучиони во 57. минута донесе 2:1, водство кое го задржа до крајот, и Лацио веќе се чини е отпишан во битката за титулата.

Јувентус вечерва има шанси да ја направи разликата +10 на седум кола до крајот.