(Видео) Митрески од Струга: Инвестициите во младите, се инвестиции во нашата иднина

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Митрески од Струга: Инвестициите во младите, се инвестиции во нашата иднина

Ко-носителот на листа во Изборната единица 5, Јован Митрески оствари средба со младите во Струга и притоа ги презентираше мерките за поддршка на млади кои владата предводена од СДСМ ги презема во изминатиот период за поддршка и стимул на младинското вработување, младинскиот додаток и разввојот на претприемаштвото.

„Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество. Од сега треба секој од Вас да го даде својот влог и младите да бидат тие кои ќе ги креираат политиките и на национално и на локално ниво. Младите се приоритет на оваа влади и ќе останат да бидат.

Секој од Вас е важен во развојот на нашата земја затоа се гради држава во која младите ќе остануваат, ќе придонесуваат и ќе напредуваат.На младите им се даде приоритет, место да се изразат, можност да бидат дел од креирањето политики и ова не застанува тука“, рече Митрески.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата