ДЕНЕС ПОЧИНАА 5 ЛИЦА: Тројца од Скопје, и по еден од Тетово и Струга

6.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕНЕС ПОЧИНАА 5 ЛИЦА: Тројца од Скопје, и по еден од Тетово и Струга

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5. 

Починати се  5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата