ВО 4 ГРАДА ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА КОРОНА?!

5.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВО 4 ГРАДА ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА КОРОНА?!

Во Македонија има 3.678 активни случаи на Ковид-19, од кои повеќето се во Скопје, но четири града немаат ни еден заболен од корона вирус.

Имено, според статистиката на Институтот за јавно здравје, во Делчево, Радовиш, Виница и Берово нема ни еден случај на заболен од корона вирус.

Од почетокот на епидемијата во Радовиш имало четворица заболени, во Делчево еден, а во Берово и во Виница по тројца.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.394, активни 2.007
• Куманово 797, активни 244
• Дебар 109, активни 57
• Штип 374, активни 161
• Прилеп 282, активни 56
• Тетово 766, активни 392
• Струга 265, активни 167
• Велес 196, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 204, активни 175
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 156, активни 93
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 26, активни 17
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 42, активни 37
• Кичево 48, активни 39
• Ресен 122, активни 89
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата