Можеби ниту најголемите оптимисти и навивачи на Милан не очекуваа убедлив триумф на Милан на гостувањето во Рим кај Лацио. Лацио покажа дека без Имобиле, не е истиот тим кој се бори за титула, па така сега со триумфот на Милан од 0:3, Јувентус е блиску до Скудетото, затоа што има седум бодови предност на табелата.

Чалханоглу постигна прекрасен гол, но и со помош на одбраната, за водство на Милан. Потоа Ибрахимовиќ зголеми на 0:2 со гол од пенал, помалку и среќно, затоа што сантиметри го делеа Стракоша да одбрани.

Ребиќ по една одлична акција рутинирано пласираше за 0:3 триумф на „росонерите“.