Радоста на завземање на позицијата број 4. од страна на Манчестер Јунајтед траеше само неколку часа. Вечерва Челзи се врати на тоа место, со победата над Ватфорд со 3:0.

Жиру, а потоа и  Вилијан од белата точка уште во првиот дел донесоа предност, која Челзи мудро ја чуваше до крајот на мечот. Пред самиот финиш погоди и Баркли за 3:0, триумф кој може многу да значи за излезот во најелитното европско натпреварување.