Церемонијата на подигнување на пехарот на Ливерпул за освоената Премиерлига ќе се одржи на 22. јули, потврдија челниците на англиското првенство.

Ливерпул стана првак за 19-ти пат во историјата, откако Манчестер Сити беше поразен од Челзи со 2:1.

Раководството на премиерлигата им дозволи на Ливерпул да се радуваат на пехарот на последниот домашен меч. Тој последен меч со Челзи требаше да се игра на 18. јули, но беше поместен поради настапот на „сините“ во полуфиналето на Купот на Англија.