Навивачите на Вардар „Комитите“, вечерва во Градскиот Парк во Скопје со фешта, со пиротехника и навивачки песни ја прославија титулата на фудбалскиот клуб.

Пред неколку дена ФК Вардар беше прогласен за првак на земјата. За жал, тимот нема да игра во ЛШ, поради тоа што не им беше издадена лиценца.

Од друга страна и навивачите ја чекаат разврската околу новите сопственици на Вардар, за да може клубот нормално да функционира и во иднина, откако Сергеј Самсоненко си замина од екипата.