Муцунски: Власта пушти на слобода 850 криминалци за да ги ограбуваат домовите, а Димитров зборува за образ и правда

4.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Муцунски: Власта пушти на слобода 850 криминалци за да ги ограбуваат домовите, а Димитров зборува за образ и правда

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Тимчо Муцунски, на вечерашното обраќање пред граѓаните во Центар, истакна дека власта збори за образ и правда а една од нивните амнести беше ослободувањето на 850 криминалци да ги пљачкаат становите во Центар.

Носителот од СДСМ во Првата изборна единица, зборува за образ, веројатно кога го променил партискиот дрес се збунил, а сега зборува за некаков образ, вели Муцунски.

Муцунски додаде дека за да зборувате за образ и за правда, треба да сте свесни дека политичката партија СДСМ која велеше нема правда нема мир на 50тина метри од тука во период од три години даде три амнестии.

Првата амнестија со која што ослободи 850 криминалци и ги пушти на нашите улици за да ги пљачкаат нашите станови и да има се повеќе дрога по нашите улици. Втората амнестија за оние кои ги отворија портите за уставните измени спротивно на вашата волја им беа најголеми непријатели и причина зошто протестираа, сега им се во коалиција. Третата амнестија со тој фамозен закон за обвинителство, со кој што сакаат себе да се ослободат од одговорност, потенцираше тој.

Муцунски додаде дека народот е обесправен, народот е се по понижен, а тие зборуваат за образ.

Муцунски говореше исто така за намалување на даноците, за враќање на младите, за зголемување на платите, создавање на нормални услови за деловниот сектор, елиминирање на секаков вид на корупција од иснпекција до царина, до судство и потенцираше дека власта ништо не сторила, дека сега доаѓа ера на чесни луѓе коишто немаат концесии и луѓе коишто не се зависни од политиката, тоа ќе ја исправи Македонија.

Муцунски им се заблагодари за целото членство на ВМРО-ДПМНЕ, и рече дека поддршката сега е повеќе од нужна за да се извојува победа за нови реформи за обнова на Македонија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата