Јуниор Станислас од Борнмут постигна спектакуларен погодок на мечот со Манчестер Јунајтед. Тој едноставно го „уништи“ најскапиот централен бек на светот Хари Мегваер, откако му ја протна топката низ нозе, а потоа од невозможна ситуација погоди за водство на „црвено-црните“.