Ова е Македонија и не треба да се чудиме, прашуваме или изненадиме ако видиме како и една кошаркарска големина како Перо Антиќ со советниците за спорт на СДСМ прават „спортски“ кампањи низ земјава и тоа во екот на политичката кампања.

Пред некој ден стигнаа фотографии од Крива Паланка каде претседателот на кошаркарската федерација на Македонија имал работна посета на овој град, денеска одново дојде истата слика. И сето ова би било во ред за претседател, треба да оди во базите, да се интересира…

Но, во овој случај се чини не е тоа така. Антиќ е претседател на кошаркарска федерација на Македонија е Антиќ, а не партиски активист. Во друштво со Наумче Мојсовски, Адријана Будимир… кои исто така се легендарни спортисти на оваа наша Македонија, кои имаат право да заземат политичка страна, отие не се на функции на национални федерации.

Ова е голем кикс на Перо Антиќ како прв човек на кошарката во Македонија. Вакво нешто не сме виделе во минатото па и во сегашноста. Неговиот претходник Петар Наумоски беше политички активен, но како претседател на федерацијата никогаш не се појавил на ваква партиска „собиранка“ во ек на кампања за парламентарни избори. И не само Пеце, во изминатите денови не видовме ниту еден друг прв човек на националните федерации да појави на едни вакви настани.

„Политиката надвор од спортот, спортот на спортистите“, најави Антиќ кога ја превзема функцијата. Ова што го гледаме од Крива Паланка, но и на другите место, не ја потврдува неговата парола пред да седне на претседателската фотелја.

Затоа и кошаркарската „опозиција“ распали по Перо Антиќ кој наводно бил и по лобирање и по собирање на гласови во случај да се одржи Вондредно Собранието на КФСМ за негова смена.

Но, со советници за спорт во СДСМ. Не личи, не е на арно, сликата се менува…