Александар Трајковски нема по добро да го памети неговото „деби“ во првите 11 на Мајорка во натпревар во Ла Лига. Неговиот тим вечерва во Мадрид на гостувањето кај Атлетико загуби со 2:0.

Мората од пенал донесе водство, а потоа истиот играч пред истекот на првиот дел донесе и 2:0. Коке во вториот дел до 3:0.

Трајковски беше стартер, но ја напушти играта во 57. минута, со што и натаму го чека првиот целосен меч во Ла Лига. Инаку тој имаше една шанса во 50. минута кога беше изблокиран од одбраната на противникот.

Со овој пораз Мајорка е трет одоздола со мали, но теоретски шанси да дојде до опстанокот.