Голема тага за шампионот, шок за Хабиб Нурмагомедов, светскиот првак во УФЦ. Имено почина таткото на Хабиб, Абдулманап, кој долго се бореше со коронавирусот, но за жал ја загуби најважната битка во својот живот. Се разбира дека ова ќе биде голем удар, голем шок за светскиот првак, посебно ако се знае дека Абдулманап му беше и тренер.

Абдулманап имаше 58 години, прво имаше проблеми со срцето, беше сместен во болница во Дагестан каде веројатно таму ја “закачи“ короната. Откако здравјето му се закомпликува, веднаш, и тоа по налог на претседателот на Русија Владимир Путин, беше пренесен во Москва, во една од најдобрите болници во земјата. Сепак, по долго лекување, короната беше посилна.