„Единствена Македонија“ и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ остварија средби избирачите на оптините Карпош и Центар. Од партијата истакнаа дека нема да отстапат од заветувањето за десетте стратешки определби од платформата кои се нивниот план и визија за Македонија.
„Сега е најбитно да си ја вратиме државата назад, а после лесно се решаваат реалните проблеми на народот“, велат од коалицијата и додаваат дека во Медонија во изминатите 30 години се украдени околу 15 илјади евра.
Во програмата, „Единствена Македонија“, предвидуваат „ревизија и одземање на украденото во приватизацијата на СДСМ и пост приватизацијата на ВМРО ДПМНЕ од позиција на власт во изминатите 30 години“.
„На 15 јули ќе заврпиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои 30 години се менуваат на власт а на државата не и’ оди добро.
Главата горе македонци, ова е наша држава. Ние одлучуваме. На 15 јули гласајте за “Единствена Македонија” и коалицијата “Никогас северна, само Македонија” и бројот 11 за да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија со убав еономски стандард за живеење, истакна во своето обраќање Билјана Џинго.
Од партијата обвинуваат дека е воведена досега невидена цензура со усвојувањето на Уредбата со законска сила со која што предвиди на час емитувана програма , телевизиите да ги емитуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по 6 минути, а нив само по 10-тина секунди. Од тука, како што велат, приморани се на терен, очи в очи со народот да ги кажат нивните определби.
Партијата се залага за поништување на, како што велат, анти-македонските договори, бараат да се спроведе попис и да се анулира лажниот попис од 2002 година, со кој, како што тврдат, Албанците биле лажно прикажани дека се 25,27 %.
„Ова што го слушате од Заев од Пендаровски дека договорот со Грција е завршена работа, тоа заборавете го. Тоа е една голема лага, бидејќи договорот е ништовен. Потребно е сега да дојде една храбра, народна влада на власт со желба со волја со храброст да го поништи тој договор. Исто така предвидуваме во нашиот економски пакет 1066 економски мерки со кој ќе ги решиме економските проблеми на народот“, велат од „Единствена Македонија“.
Додаваат дека тие би коалицирале со секој кој ќе ги прифати нивните 10 стратешки определби.
„Во нив јасно е кажано поништување на антимакедонските договори со Бугарија, Грција. Македонија национална држава на македонскиот народ, со службен јазик македонскиот и неговото кирилско писмо. Поништување на пописот од 2002 и спроведување на реален попис. Ние мора да се преброиме, мора да ја кажеме реална бројка, бидејќи 2002 пописот беше фалсификуван. Ние како “Единствена Македонија” уште во 2009 имаме поднесено кривична пријава со докази во ЈО дека тој попис е фалсификуван. Во 2015 или 2016 предметот го префрливме во СЈО , меѓутоа и Катица Јанева молчеше, го стави во фиока така што мора овие стратешки орпеделби ние да ги спроведеме и мора најпосле да се направи ревизија изземање на украденото во криминалната приватизација, бидејќи 90-та год се спроведе една криминална приватизација што се подели целото богатство кое 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. За времето на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016 во таа пост приватизација тие ја украдоа другата половина од Македонија. Тоа се две банди кои што мора народот најпосле да им ја испорача пораката да си заминат од политичката сцена“, додаваат од партијата.
Понатаму велат дека најновите аудио бомби ја потврдуваат дволичноста , лицемерието и егоизмот на лидерите на овие политички партии. Според нив, жално е што новиот закон за Јавно обвинителство овие аудио бомби ќе ги третира како индиции а не како докази. Велат, да имавме нормална демократска и правна држава учесниците во овие аудио бомби одамна ќе беа сместени во казнено поправните установи во РМ. Го повикуваат Јавниот обвинител по службена должност, врз основа на индициите да отвори претходна истражна постапка за сторени кривични дела по член 358а и 359 од казнениот Закон од РМ. Тоа е давање и примање награда за против законито влијание.
„Во првите 30 дена ќе направиме конфискација на системите за преслушкување кои се во сопственост на политичките партии и бизнисмени и истите ќе добијат кривична одговорност а секако граѓаните ќе можат да побараат и материјална сатисфакција од сторителите на овие нелегални дејанија. И на крајот сакаме да напоменеме и да го повикаме техничкиот министер Чулев кој што веќе пет дена молчи на прозивките од од сегашниот актуелен директор на Агенцијата за разузнавање за тоа дека во негово време Агенцијата за разузнавање издавала невиситини податоци на Јавното обвинителство. Срамно и жално е да имате министер кој што ќе се крие зад сето ова и кој што нема да и одговори на јавноста. Министер Наќе вие сте на потег да и објасните на јавноста што тоа се криеле за случајот “Диво насеље” во кој загинаа 8-мина македонски полицајци“, истакна Јове Кекеновски.
извор: Makfax