Хаос на скопскиот аеродром, пренесува телевизија Алфа. Револтирани и бесни патници денеска не можеа да ги чекираат купените карти. И покрај тоа што голем дел од нив имаа и странска работна виза, но и европски пасош останаа заглавени на аеродромот во Скопје. Не им беше јасно што точно се случува. Бараа одговори од авиокомпаниите, но и од македонските власти дали ова е некаков пропуст на нашата влада или се должи на одлуката на Брисел да не прима македонски државјани во земјите членки на ЕУ.

Имаше и студенти кои со дозвола за работа и престој во Германија, останаа безнадежно да чекаат “зелено светло” дали ќе им биде дозволено да полетаат.

По три и пол месеци пауза македонските аеродроми ги отворија вратите за патниците. Првиот ден од отворањето на аеродромите покажа дека поголем број граѓани имале потреба да си заминат од државата, а помалку да дојдат во неа. На скопскиот аеродром вчера пристигнале 292 патника, а заминале 448 на неколку европски дестинации. На двата аеродрома кои пред кризата дневно пречекуваа и испраќаа и по десетици илјади лица, на денот на повторното отворање вкупно се регистрирани 324 патници кои пристигнале во државата и 592 патника кои заминале од неа.

Најчитани вести