Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака од Кризниот штаб за сузбивање на ширењето на коронавирусот се најавува дека вечерва ќе соопшти нови мерки за Белград поради неповолната епидемиолошка ситуација.

Според најавите, се очекува мерките да го соопшти на гостување на РТС.

Според најновите податоци, од вкупниот број на извршени тестирања во изминатите 24 часа над 80 проценти од заразените се од Белград.

Медиумите јавуваат дека се размислува за повторно воведување полициски час во вечерните часови или целосно затворање на Белград, што ќе значи забранет влез и излез од градот.

Најчитани вести