Словенија врати дел од мерките, состојбата слична како почетокот на епидемијата во март

2.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Словенија врати дел од мерките, состојбата слична како почетокот на епидемијата во март

По два месеца остри мерки како затворање на земјата и сите локали освен продавниците, аптеките и болниците, Словенија воведува нови мерки, јавува РТС.

Словенија успеа да го намали бројот на заразени од крајот на мај до 20 јуни на нула инфицирани, но во последните десет дена тие бројки растат.

Затоа земјата врати некои од мерките, а наскоро ќе започне контрола на патниците со двојно државјанство.

Во средата во Словенија беа пријавени 13 нови случаи. Постојат жаришта, како што е градот Марибор, каде што најмалку седум здравствени работници се заразени.

Епидемиолозите и политичарите излегоа со податоци дека најголем број откриени случаи во Словенија потекнуваат од луѓе од БиХ и од Србија кои го донеле вирусот.

Поради порастот на заразени земјата врати некои мерки како на пример задолжително носење маска, а и натаму не работат сите затворени простории.

Дел од здравствените експерти предупредуваат дека ситуацијата во последните денови почнува да изгледа како почеток на епидемијата во март.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата