Унгарија нема да го почитува барањето на ЕУ на списокот на „безбедни“ земји од коронавирусот да додаде земји кои се надвор од Унијата. Единствен исклучок од таа одлука ќе биде Србија, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ бидејќи тоа би било спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ, рече Орбан во видеопораката на „Фејсбук“.
Европскиот совет претходно донесе одлука да стави 14 земји на списокот на земји од кои може да се патува во ЕУ: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.