ПОВРЕДЕН Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?! Тепачка во штабот на СДСМ во Македонски Брод

1.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОВРЕДЕН Е ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?! Тепачка во штабот на СДСМ во Македонски Брод

На 30 јуни околу 20 часот во просториите на изборниот штаб на СДСМ од Македонски Брод, кој се наоѓа на улица „Илија Игески Цветан“, поради внатрепартиски несогласувања околу прераспределбата на работни места дошло до вербална расправија помеѓу две фракции која завршила со меѓусебна физичка пресметка на самата улица, поради што дошло до вознемиреност кај граѓаните кои во тој момент се движеле по улицата.

Како што неофицијално дознава Lider.mk, во истата учествувале две групи активисти на СДСМ: едната која ја предводи актуелниот кандидат за пратеник Анета Симеска Димоска и другата, предводена од градоначалникот на Македонски Брод, Живко Силјановски.

Неможејќи да ја контролира ситуацијата координаторот на општеинската организација го напуштил состанокот, а најдебелиот крај го извлекол градоначалникот, кој бил нападнат и се здобил со физички повреди од братото на пратеничката, Жарко Симески, кој воедно е и директорт на Здравствемиот дом во Македонски Брод.

За немилиот настан како неми сведоци истанале расфрланите маси и столици во и околу објектот. пресметката продолжила и наредниот ден на начин што сопругата на градоначалникот, која е вработена во Зравствениот дом бил  изложена на мобинг од страна на тепачот. За трагедијата да биде уште поголема, иако настанот бил пријавен во полициската станица во Македонси Брод, по наредба на командирот настанот бил сокриен и не биле превземени никакви службени дејствија.

Револтирани членови на СДСМ со наведнати глави тивко коментираат за настанот, срамејќи се од раковотството, а во воздухот во Македонски Брод остана да лебди прашањето: Дали животот што го најавуваше Заев изгледа вака?

Извор: Лидер.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата