Во мега – дербито во Ла Лига, во рамките на 33.коло, Барселона и Атлетико Мадрид, на празниот Камп Ноу одиграа 2:2. Интересен меч, во кој беа покажани дури три пенали. Бод по кој сега во Мадрид ќе се слави, секако дека “кралевите“ ова го чекаа.

Веднаш да кажеме дека Меси на овој меч конечно го постигна 700-тиот гол во својата кариера и му се израдува на јубилејот, но бадијала. Многу поважно беше Барса да победи и да го задржи чекорот со Реал Мадрид во битката за титулата. Ова реми веројатно момците на тренерот Кике Сетијен скапо ќе ги чини.

Што се однесува до головите, се започна со автоголот на Диего Коста во 11.минута, но Саул во 19.минута од пенал, својот прв, израмни на 1:1. Потоа следуваше 700-тиот гол на Меси во кариерата, и тоа од пенал, и тоа мајсторски изведен. Барса поведе, имаше игра, шанси, но Саул одново 62.минута успеа од пенал да израмни на 2:2.

 

Сега Реал Мадрид има еден бод повеќе од Барса во битката за титулата, но и меч помалку, оној со Гетафе кој ќе го игра дома.

Standings provided by Sofascore LiveScore