Според информациите на германски „Скај Спорт“, Хи-Чан Хванг ова лето го напушта австриски Ред Бул Салцбург и се сели во Германија. Тој веќе има потпишано договор со РБ Лајпциг. Бројни фудбалери од Салцбург и досега се селеа кај братскиот клуб во Бундеслигата, така што и трансферот на Јужнокореецот не е никакво изненадување.

Пред неколку години, Лајпциг играше во четвртата германска лига, но сега е еден од главните фактори на германската фудбалска сцена. „Скај“ не објави детали за договорот, но најверојатно истиот ќе биде активиран веќе од утре.