Лидс Јунајтед останува на врвот во Чемпионшип лигата во Англија, откако вечерва одигра нерешено 1:1 на домашен терен против екипата на Лутон, а повторно меѓу најзаслужните за тоа што домашните се вратија од негатива беше нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Популарниот Џани стартуваше од клупата за резерви, влезе на стартот на вториот дел и успеа да искреира акција од која со асистенција го послужи својот колега во нападот Стјуарт Далас кој успеа да израмни и да донесе еден бод за тимот од „Иланд Роуд“.

 

Лидс Ј. и натаму останува прв фаворит за пласман во Премиер лигата следната сезона.

Standings provided by Sofascore LiveScore