Николоски со порака до Заев: Не ги троши украдените пари за пи-ар стратегии, ќе ти требаат после избори за адвокати

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски со порака до Заев: Не ги троши украдените пари за пи-ар стратегии, ќе ти требаат после избори за адвокати

Ќе победиме во Струмица и во цела 4 ката. Прави Зоран Заев анкети како што правиме ние и знае дека дебело губи и на ниво на држава и во четвртата изборна единица и затоа слушам со овие украдени пари кои што ги краде од сите вас тука порано ги крадеше само од Струмица затоа што беше најкрими градоначалник кој што градот било кога го имал, сега ги краде од цела држава. Со тие украдени пари ангажирал една ПИ-ар агенција од Србија да му помага што да прави во четвртата изборна единица и седнале во Скопје, па им објаснуваат што е четвртата изборна единица кои има таму, кои се проблеми итн. Ама ја утнале работата Скопје е во првата изборна единица, не е во четвртата изборна единица, Струмица е во четвртата изборна единица, порача потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ и носител на листата во изборна единица 4 директно од општина Струмица.

Николоски го повика Заев да не ги троши украдените пари бидејќи како што рече тој ќе му требаат за адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и неговите пајташи.

- Да го повикам од овде да не ги троши парите, ќе му требаат адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и на пајташиве негови. Пи ар агенции во четврта изборна единица не поминуваат, на струмичко поле, на гевгелиско поле, на прилепско поле, пи-ар агенции не поминуваат. Мотика треба, работа треба. Тие таму се незадоволни, несреќни, со испукани раце, со солзи во очите, таму пи-ар стратези не поминуваат за џабе. Зоран Заев не ги троши за џабе украдените пари, вели Николоски
Ве повикувам на масовна на огромна излезност на 15 јули сите заедно да ставиме крај на овие три години ненародна власт. Знаете дека изборите беа закажани за 12 април основна причина зашто ги одложивме беше пандемијата со корона вирусот. Кога се разговараше за нов датум за избори првата работа која што
ја побара ВМРО-ДПМНЕ и ја доби беше добри здравствени протоколи кои што ќе гарантираат на секого кој што ќе излезе на гласање дека здравјето ќе му е заштитено и дека не треба да стравува за сопственото здравје. Тие здравствени протоколи ги имаме и ве молам да ги испочитувате и масовно да излезете на
гласање за да на 15 јули ја направиме промената, додаде тој.
Николоски истакна дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е во тоа што СДСМ сака луѓе со свиткана кичма, а ВМРО-ДПМНЕ сака горди Македонци. Тие сакаат вие да седите дома, ние сакаме вие да излезете и да одлучите. Тие сакаат луѓе со свиткана кичма ние сакаме горди македонци. Тоа е суштинската
разлика, изјави Мицкоски.

Николоски нагласи дека во проектот Обнова за Македонија сериозен дел е посветен на владеење на правото. Во нашата програма обнова на Македонија имаме сериозен дел кој што е посветен на владеење на правото. Ќе ги промениме законите за парнична и процесна постапка, за да не може три месеци судијата да заборава да свика рочиште па да почнуваат од почеток судењата. Да не може некој поротник намерно
да се става пред пензија па да стигне до некаде судењето па да се враќа назад. Да не може по фиока да се чуваат предмети, да не може да се уценуваат луѓе. И да не може тие што се во бизнис криминална коалиција со било кога да им се завлекуваат судењата. На тоа ќе ставиме точка, имаме добар тим кој што ќе ја
направи таа работа, посочи Николоски.
Втора работа. Потекло на капитал, секој што се занимавал со јавна функција во овие 30 години да си го докаже потеклото на капиталот и богатството кое што го има. Да видиме кој како заработил. Ако може да докаже со среќа да му е чесно го заработил ако не може како што е редот во секоја нормална европска држава 70 % да си го оданочи од државата да си оди назад кај народот тоа што е украдено и
плус кривично да си одговара.
Николоски рече дека петти ден по ред го повикува Заев да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на своето богатство и капитал и на своето семејство. Пет дена го повикувам Зоран Заев да излезе и да каже дали е во можност да излезе и да си го докаже потеклото на имотот потеклото на богатството на неговото
семејство кое што во овие 18 години колку што е вкупно на власт стана најбогато семејство во Македонија и најбогато семејство на Балканот. Пет дена го повикувам пет дена не дава одговор затоа што одговорот е јасен. Ние тој закон ќе го донесеме и има да се испита на секого на кој начин и како се стекнал со богатството, истакна тој.
Николоски посочи дека на Струмица и требаат две работи и тоа расчистување од криминалот и ослободување на народот. На Струмица повеќе од било кој друг град во Македонија и требаат две работи. И треба расчистување со криминалот и ослободување на народот. Крајот им доаѓа. Вие ќе им го напишете крајот на 15 јули. Ништо не им можат да не им се плашат. Да не им паѓаат на уцени на поткупи на притисоци. Тоа да им кажете од сите нас тука. Да не им се плашат, да се ослободат заеднички да ја ослободиме Струмица од криминалот и корупцијата, нагласи Николоски од струмичкиот плоштад.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата