Уште една одлична партија и нов гол за нашиот репрезентативец Никола Ѓорѓев во дресот на Грасхоперс. Во меч од 27. коло на швајцарската 2. лига, Грасхоперс пред своите навивачи славеше со високи 4:1 против екпата на Вил, а нашиот репрезентативец погоди за 3:1.
Ѓорѓев доби шанса во второто полувреме на мечот и повторно ја искористи да постигне гол. Во последните минути од средбата, Ѓорѓев беше прецизен за да ја потврди победата на Грахоперс кој и натаму се одржува на 2. место кое носи шанса за промоција и враќање во швајцарската елита. За нашиот напаѓач ова беше 6-ти гол сезонава, во која има и 6 асистенции.