(Видео) Стојаноска: Поголемо интегрирање на жената во општеството без разлика на националната, верската и етничката припадност

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Стојаноска: Поголемо интегрирање на жената во општеството без разлика на националната, верската и етничката припадност

Носителката на листа на изборната единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“. Дафина Стојаноска од средбата со жените од движењето за национално единство на Турците во Гостивар порача дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш се грижи за жената без разлика на етничката, националната и верската припадност и дека се обврзува за нејзино поголемо интегрирање во општеството.

„Денес имаме средба жените на ВМРО-ДПМНЕ и на движењето за национално единство на Турците. Сите ние жените без разлика дали се викаме Дафина, Махмуде, Анета, Зејнеп или Гордана. Без разлика кој јазик го зборуваме каде и на кого се молиме, сите ние најдобро знаеме да ја почувствуваме грижата за семејството“, истакна Стојаноска.

Стојаноска рече дека ВМРО-ДПМНЕ како традиционална партија која се грижи за традиционалните вредности се обврзува за грижа на семејството како единка и дополни дека таа како носител на листата 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ посебно се обврзува да секое семејство добие повеќе.

„Затоа како носителка на листата во изборната единица 6 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ се обврзувам дека ќе се грижам македонските семејства да добијат повеќе. А кога жена- мајка на нешто се обврзува тоа и ќе се исполни“,потенцираше Стојаноска.

Таа ги повика граѓаните на 15 Јули да излезат и да гласат за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ односно да го заокружат бројот 14 за подобра иднина на сите граѓани и семејства.

„Затоа сите ние денес се обврзуваме дека на 15 Јули ќе го заокружиме бројот 14 за посреќни семејства во Македонија, за посреќни мајки и за посреќни деца“, рече Стојаноска.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата