Кошаркарите на Басконија се нов шампион на Шпанија. Баскијците во финалниот меч од завршната рунда на АЦБ Лигата вечерва успеаја да ја совладаат фаворизираната Барселона со 69-67 и со тоа да дојдат до својата четврта шампионска титула.

Оваа титула за Басконија доаѓа по 10 години пауза, од последната освоена во 2010 година. Одличната тимска игра ги красеше шампионите, во чии редови се истакна триото Вилдоза (17), Шенгелија (14) и Диоп (10). Барселона денеска го немаше Митровиќ на потребното ниво за да биде шампион. МВП играчот на сезоната во ова финале беше запрен на само 8 поени, што можеби е и главната причина за поразот на каталонците.