Иако губеа на полувреме со 1:0, фудбалерите на Лацио со два гола во второто полувреме приредија комплетен пресврт на стадионот во Торино победувајќи го домашниот тим со 2:1 и повторно приближувајќи се до лидерот Јувентус на само еден бод разлика.

За Торино првото полувреме беше одлично. Уште во 5. минута Белоти погоди од белата точка за водство од 1:0.

 

По паузата, Лацио го покажа своето вистинско лице. Чиро Имобиле по само 3 минути успеа да погоди за 1:1, додека Марко Пароло во 72. минута комплетно го сврте текот на мечот и донесе победа за „лацијалите“.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore