Дони ван де Бек, ѕвездата на Ајакс кога имаше 10 години и ја почнуваше својата кариера, беше под надзор на Денис Бергкамп, легендата на Холандија и европскиот фудбал. Токму Денис му беше тренер во Ајакс на тогаш малиот Дони. А, сега? Е, па сега, Дони е во “шема“ со ќерката на Денис, убавата Естела. Еноставно “децата“ се заљубиле. Интересно, Денис немал ништо против оваа “врска“, како и да има кога токму тој најдобро го знае својот можеби иден зет.

Кога сме кај Дони да кажеме дека тој е пред трансфер во Реал Мадрид, а не во Арсенал или Интер, каде што играше неговиот славен “дедо“.