Саботниот меч меѓу Лестер и Кристал Палас е под голем знак прашалник. Имено со оглед на големиот број на заразени од Ковид-19 во последните неколку денови, целиот град Лестер би можел да оди под карантин. Министерот за здравство во Владата на Велика Британија Мет Хенкок, објави дека се размислува градот Лестер да биде ставен под посебни заштитни мерки, и тоа поради фактот дека дури 10% од заразените од коронавирусот доаѓале од Лестер. Тој ги повика сите во земјата да не патуваат во тој град. Така да постои голема грижа за тоа дали ќе може Лестер дома, на свој терен, да го долека составот на Кристал Палас во рамките од 32. коло во Премиер Лигата.

Шефот на Премиер лигата Рочард Мастерс напомена дека се уште не знае што да прави, па така постои варијанта овој натпревар меѓу „лисиците“ и “орлите“ да се одигра на неутрален терен. Од друга страна од Лестер велат дека сакаат да играат на својот стадион.