Заев на средба со бизнисмени од Радовиш: Обезбедуваме нови работни места и повисоки плати

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев на средба со бизнисмени од Радовиш: Обезбедуваме нови работни места и повисоки плати

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во Радовиш се сретна со угостители, транспортери и градежни компании од Радовиш, каде разговараше за актуелната економска состојба, справувањето со последиците од коронакризата како и за решенијата кои се дел од Програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ а кои обезбедуваат брза трансформација на македонската економија.

Заев се осврна и на помошта што компаниите во Радовиш ја добиваат со цел полесно да се справат со последиците од коронакризата.

„Во Радовиш вкупно 264 компании кои вработуваат 1026 работници добиле поддршка од државата за исплата на плата и придонеси за време на корона кризата. 15 компании од Радовиш кои вработуваат 121 лице добиле бескаматен кредит преку Развојната банка од првиот повик КОВИД 1, што значи токму компаниите од вашите сектори добиле ваков тип на поддршка.“ рече Заев.

Меѓу другото тој истакна дека и после изборите на 15 јули економијата ќе биде врвен приоритет со фокус на брза трансформација и зголемување на конкурентноста на домашните компании, додавајќи дека ќе продолжи директната поддршка на домашните и странските инвестиции а за таа цел ќе се обезбедат средства во износ од 300 милиони евра.

„Поддршката кон домашните компании ќе продолжи и во иднина, уште повеќе и уште подобро, затоа што ни е важно секое работно место, важен ни е секој работник“, заклучи Заев.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата