Носителката на ИЕ 2, Сања Лукаревска, при посетата на општина Липково, рече дека е горда што е носителка токму на ИЕ2, бидејќи таа е достоинствен репрезент и пример за разноликост, за соживот и за заедништво.

„Без разлика на кој етникум и вера припаѓаме, сите имаме исти потреби и исти или слични проблеми. Изминатите три години направивме многу! Ја внесовме државата во НАТО, на пат сме да станеме членка на ЕУ! Но, ги покачивме и платите и пензиите, ја покачивме и социјалната помош за дури 300 %.
На граѓаните им е доста од националистичка реторика. Тие сакаат решенија за реалните проблеми”, рече Лукаревска.

Лукаревска кажа дека и по 15 јули, ќе се продолжи по исправниот пар.

„Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните! Платите и пензиите ќе продолжат да растат. Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, додека просечната плата ќе расте до 34. 000 денари. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %.Обезбедуваме достоинствен живот за сите наши граѓани“, рече Лукаревска.

извор: Makfax

Најчитани вести