Христијан Кировски и официјално е ново име во редовите на Гостивар. Искусниот напаѓач вчера се раздели со Струга Трим Лум, а денеска е промовиран од страна на гостиварци кои очигледно е дека не се шегуваат. Тие “извадија“ добра понуда, подобра од неколку наши клубови, прволигашки и второлигашки, и го добија голгетерот. Не треба да се трошат зборови за квалитетите на Кировски, и за тоа дека нема сомневање дека во следната сезона ќе ги решета мрежите на противниците на Гостивар.

Со овој потег Гостивар покажува дека има намери во следната сезона во Втората лига – запад, и тоа како да конкурира во битката за првото место и влез во елитата.