И дефинитивно крај на една голема, преголема светска ракометна кариера. Легендарната Катарина Булатовиќ му кажа збогум на ракометот. Се прости од спортот во кој децении беше една од најдобрите во свето. Планот и не и се оствари во целост, имено таа имаше тримесечен договор со Ѓер, со цел да ја догигра сезонатам, но сепак Ковид -19 беше појак и поради откажувањето на сезоната, посебно откажувањето на Ф4 во ЛШ, и немаше смисла понатаму да смета дека може и треба да игра ракомет.

Таа по заминувањето од Ѓер се прости од сите во клубот и им се заблагодари на се она што тие и го дале во кариерата. Исто така спомнала дека не го замислувала вака својот ракометен крај.

Легендарната црногорска ракометарка својата кариера ја започна во својот роден град Крагуевац. Својот потенцијал го искажа кога играше за данскиот Шлагелсе. Се разбира дека светската слава ја достигна кога играше за Будуќност и тоа во неколку наврати, потоа се пресели во Ѓер. Играше за репрезентацијата на Србија две години, за да потоа, од 2008 се определи да игра за Црна Гора со која репрезентација во Белград освои злато на ЕП, а има сребро од ОИ во Лондон.