Николоски: СДСМ го уценувала изведувачот на патот Прилеп-Градско и фирмата си замина од Македонија

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: СДСМ го уценувала изведувачот на патот Прилеп-Градско и фирмата си замина од Македонија

Александар Николоски потпретседател и носител на листа на изборна единица 4, во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија вели дека една од причините зошто изведувачот на експресниот пат Градско до Прилеп си заминал од Македонија е бидејќи бил уценуван од страна на владејачката структура да земе подизведувачи близок бизнис партнер до СДСМ.
-Почна да се гради автопатско решение или експресен пат од Градско до Прилеп. Не само што застана во овие три години туку воопшто сега не се одржува и тоа што е изградено тие столбови, пробиен пат сега го јаде забот на времето а паралелно сите го ризикуваат животот, нема само од Прилеп и прилепско и од Битола и целиот тој дел на Македонија.
-Според моите сознанија основната причина зошто изведувачот ја напушти Македонија е затоа што бил уценуван да зема подизведувачи кои што веројатно се блиски бизнис партнери на некој во владејачката структура и истиот тој изведувач ја тужи Република Македонија, и треба да знае јавноста дека ем нема да има автопат од Градско до Прилеп.
-Тој изведувач не само што не го изгради тој автопат туку ја тужи Македонија пред меѓународна арбитража во вредност од преку 100 милиони евра и во моментот Пелагонија, Прилеп, прилепско, Битола без разлика што не е во изборната единица 4 од таму патуваат, е со соочена ситуација ем да нема нов автопат, ем да треба
државата да плати 100 милиони евра, вели Николоски.
Николоски ги посочи и дел од лажните ветувања на Зоран Заев истакнувајќи дека и покрај тоа што Заев ветил железница, гасификација на целиот регион ништо од тоа не реализирал.
-Во источниот дел од каде што потекнува Зоран Заев. Неговото ветување беше дека Струмица ќе се поврзе автопатски со Скопје. Во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ се изгради од Скопје до Штип, значи тој се изгради а две години бела боја не можат да офарбат да го пуштат. Продолжи после тоа да се гради од Штип до Радовиш, три години два камиони кога и да одам прават по два круга и ништо не работат а од Радовиш до Струмица абер нема да почне работата, а камоли да се гради. Ветуваш железница а Ж нема од железница во тој регион. Ветуваше гасификација на целиот регион, треба да знае јавноста дека Струмица во моментот плаќа најскап гас во светот. Најевтиниот реагенс во светото во моментот во Струмица е најскап.
-Ветуваше гасификација на целокупниот тој регион ништо нема, значи една цевка нема поставено и ова е тажната слика во изборна единица 4 искомбинирана со земјоделието, искомбинирана со тоа дека една дополнителна странска инвестиција не влезе а само за Прилеп беа договорени три кои по доаѓањето на Зоран Заев ги променија своите одлуки и отидоа сите три во Србија, и затоа Заев бега од соочување за четвртата изборна единица, посочи Николоски.

Тој додаде дека стратешки најбитниот проект е да се поврзи автопатски коридорот 10 од Скопје до Солун, автопатски да се поврзи од Градско Прилеп, Битола и грчката граница, односно како што рече тој со ова ќе се отвори Централна и Западна Македонија на две пристаништа а тоа ќе значи сериозен економски потег
да продолжи да се развива таму стопанството.
-Пелагонискиот регион дел од четвртата, дел од петтата изборна единица во моментот произведува 30 проценти од БДП. Со едно вакво стратешко отворање и тоа е нашето најголемо ветување а тоа е да се поврзи автопатски коридорот 10, значи од Скопје до Солун, автопатски да се поврзи од Градско Прилеп, Битола и грчката граница. Тоа стратешки по мене е најбитниот проект за Македонија. Затоа што отворањето на Централна и Западна Македонија кон најмалку две пристаништа солунското и драчкото пристаниште и сите можности кои што тоа ги отвора ќе значат сериозен економски потег да продолжи да се развива таму стопанството. Источниот дел исто големи можности има и Струмица и Радовиш и Гевгелија се во близина на две граници и на грчката и на бугарската граница. Една модерна мрежа ќе значи дека овие среди ќе може дополнително да се развиваат, рече Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата