ВО ГОБ „8-ми септември“ СЕ ВАДЕЛЕ ПИШТОЛИ: Сакале со сила да го земат телото на почината од коронавирус

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВО ГОБ „8-ми септември“ СЕ ВАДЕЛЕ ПИШТОЛИ: Сакале со сила да го земат телото на почината од коронавирус

Попладнево две лица се приведени откако се обиделе да влезат во ГОБ 8-ми Септември и барале да го земат телото на нивна блиска почината од КОВИД 19 и да го однесат на обдукција.

Надлежните во болницата им кажале дека протоколите за обдукција предвидуваат чекање од два часа и потоа со погребно возило телото да биде префрлено на скопска патологија.

Роднините се побуниле и почнале да се закануваат со оружје, по што е повикана полиција која ги привела.

Од ГОБ 8ми септември за Телма велат дека после полициската интервенција роднините ги потпишале протоколите и телото е префрлено на патологија.

Од скопската полиција потврдија дека поголеми интервентни тимови се пратени на терен, а по претресот на насилните е утврдено дека немале оружје. Против приведените ќе се поднесат соодветни пријави за насилство и за заканите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата