Помладиот брат на Дионтеј Вајлдер, Марселос Вајлер, одново ја отвори темата околу причината за поразот на Дионтеј од Тајсон Фјури во мечот за светската титула. Марселос верува дека неговиот брат загубил од причина што Тајсон не ги навлекол ракавиците до крај, имено тој смета дека во нив имало некој со тап предмет. Тој истакна дека докторите по мечот утврдиле дека неговиот брат има таква повреда на главата која не е предизвикана од човечка рака.

Фјури на овие обвинувања одговори на својот Инстаграм:

Да, кога некој ќе те удри како мене тогаш може да имаш вдлабнатина во главата. Во штабот на Вајлдер знаат дека јас сум чист, па имаше сведоци кога мене ме подготвуваа за мечот. Така да се што ќе се проговори на оваа тема тоа се тешки ГО*НА, не вреди да се зборува за некоја теорија на заговор“.