Лирој Сане е фудбалер на Баерн. Она што месеци се “крчкаше“ се чини дека е готово. Сите познати спортски портали предмалку јавија дека има договор меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен. “Баварците“ се засилија со топ фудбалер, со еден од најдобрите германски репрезентативци. Сане во Сити направи трансфер во 2016 година и тоа за 52 милиони евра, беше клучна алка во освојувањето на трофеите на “граѓаните“. Во оваа пак тој не се наигра, имено непосредно пред стартот на сезоната тој потешко се повреди.

Сане ќе потпише за Баерн договор кој ќе го врзува со германскиот шампион до 2025 година. Колку за потсетување, менаџер на Сане е нашиот Фали Рамадани.

И на крај да кажеме дека Сане во Премиер лигата одигра 90 натпревари, постигна 25 голови а впиша и 31 асистенција.