Започнува со снимање првиот филм за време на ковид кризата „ТаЈа носеше црЛена шамија“

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Започнува со снимање првиот филм за време на ковид кризата „ТаЈа носеше црЛена шамија“

По неколкумесечната стагнација која беше предизвикана поради Ковид-19, денеска во Хрватска започнува со снимање филмот „Таја носеше црлена шамија“ („Nosila je rubac črleni“), хрватско-македонска копродукција, во режија на Горан Дукиќ. Филмот е во продукција на Швенк од Хрватска, а македонски ко-продуцент е Вертиго Вижуал.

Приказната, по сценарио на Сандра Антолиќ, го следи семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба, кои се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 1990-ти. Со ситниот вез на слатко-горки заплети доминираат драмата на првата свинска љубов во време на воздушна тревога и дефектот на една фризерска хауба насред полузавршена фризура.

Што се однесува до снимањето филмови на тло на Македонија, Агенцијата за филм даде предлог Протокол за снимање филмови во услови на Ковид-19 до Комисијата за заразни болести, за кој се чека одобрување.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата