(Видео) Група лекари ѝ свртеа грб на Брнабиќ во знак на протест во Нови Пазар

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Група лекари ѝ свртеа грб на Брнабиќ во знак на протест во Нови Пазар

Група лекари и медицински персонал во општата болница во Нови Пазар им завртеа грб на српската премиерка Ана Брнабиќ и на министерот за здравство Златибор Лончар, во знак на протест откако овој град стана жариште на коронавирус во земјата, а болницата се соочува со недоволна опрема.

За време на обраќањето на Брнабиќ тие постојано довикуваа изразувајќи незадоволство од условите во кои работат.

Министерот Лончар на дофрлувањата возврати дека не знаат што прават и дека со префрлување на вината за проблемите нема да придонесат за решавање на ситуацијата. Брнабиќ, пак, ги обвини дека се политички активисти.

„Не се уплашивме од овие дваесетина луѓе кои ни се закануваат и нѐ навредуваат. Ова е плодна почва за лажни вести и дезинформации“,рече Брнабиќ.

Според неа, не е вистина дека во Нови Пазар имало повеќе од 30 погреби.

Здравствените работници од болницата во Нови Пазар се жалат дека немаат елементарни работи како топломери, апарати за притисок, како и тоа дека респираторите кои претседателот Вучиќ го донел во овој град се неупотребливи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата