Бојан Јовановски многу јасно кажа каде треба да се бараат парите од случајот Рекет. Но, никој не го праша Заев ништо, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев што се емитуваше на телевизија 24. Она што следуваше по кажувањата на Јовановски беше се, само не она што требаше да следува.

-Требаше да се повика Заев да даде одговори, но никој не го побара тоа од него, рече Мицкоски.

Според него наместо Заев да одговори тој почна да се заканува.

- Не ви е срам да му се заканувате по животот на Јовановски за да не ја каже вистината за рекетот, укажа Мицкоски кој додаде дека по 15 јули се ќе се смени, бидејќи ова што го прави Заев народот го гледа.

Најчитани вести