Унгарскиот доктор Ланг изврши првата трансплантација на бели дробови во светот кај пациент заразен со КОРОНА

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Унгарскиот доктор Ланг изврши првата трансплантација на бели дробови во светот кај пациент заразен со КОРОНА

Неодамна, еден унгарски лекар, Георги Ланг ја изврши првата трансплантација на бели дробови во Виенската општа болница (АКХ) на пациент со активен КОВИД-19 чии бели дробови веќе беа тешко оштетени. Ова беше прва операција од ваков вид во Европа.

Ланг во интервју за унгарскиот портал за вести valaszonline.hu рече дека на Медицинскиот универзитет во Виена се дојдени и колегите од Клагенфурт, за да помогнат во лекувањето „45-годишна мајка на две деца која била одржувана со вештачки белодробни крила ECMO (Extracorporeal membrane oxygenation) "која пумпа крв од телото и ја оксигенира, дозволувајќи им на срцето и белите дробови да се одморат, а потоа да ја пумпа назад во телото. Жената била одржувана во живот шест недели, лебдела меѓу животот и смртта, но вирусот сепак беше пронајден во нејзиното тело.

Иако во Кина имало две трансплантации на бели дробови кај пациенти со КОВИД-19, лекарите чекале во двата случаи да бидат негативни нивните тестови, затоа што се плашеле дека вирусот ќе го нападне и новите белодробни крила.

Сепак, според Ланг, неговата пациентка на крајот развила тотална слабост на белите дробови, така што таа веќе не можела да продолжи да живее со вештачка поддршка. Лекарите на АКХ тогаш одлучиле да продолжат со трансплантација на белите дробови.

Унгарскиот лекар рече дека „колегите од Клагенфурт сметале дека стигнале до крајот на нивните професионални способности, затоа нè повикаа очајно, и веднаш решив: Ние ќе ја преземеме пациентката и ќе видиме што можеме да направиме за неа“.

Според Ланг, операцијата се случила во исклучително тешки околности.

- Пациентката се наоѓаше во многу сериозна состојба, па дури и со вентилатор, може да се испумпаат само 20 милилитри воздух во нејзините бели дробови, и покрај тоа што ќе беа потребни најмалку 400 милилитри. Тие, исто така, моравме да го решиме проблемот со сузбивање на имунитетниот систем на пациентот за да се отстрани ризикот од отфрлање на органите, а истовремено да ја зајакнат способноста на телото да ја победи болеста.

На крајот, деветчасовната операција беше успешна и медицинскиот тим предводен од унгарскиот лекар, ги замени белите дробови што беа мртви неколку недели со целосно функционален орган додека пациентот сè уште беше заразен со коронавирус.

Сепак, иако таа е на пат за закрепнување, процесот ќе биде долг.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата