Сијарто повикува на НОВ ДОГОВОР за миграција ЕУ - Турција

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сијарто повикува на НОВ ДОГОВОР за миграција ЕУ - Турција

Европската унија треба да потпише нов договор за миграција со Анкара, така што Турција ќе го спречи протокот на мигранти преку нејзината граница, рече министерот за надворешни работи на Унгарија Питер Сијарто, по разговорите со Мевлут Чавушоглу, неговиот турски колега, во Анкара.

Сијарто истакна дека Брисел ветил 6 милијарди евра на Турција за решавање на бегалската состојба во земјата, додавајќи дека има спор околу тоа колку од тие пари се префрлени во Анкара. Тој го повика Брисел брзо да го реши прашањето со Турција и да го исполни своето ветување.

Осврнувајќи се на пандемијата на коронавирус, Сијарто рече дека иако миграциските бранови во минатото првенствено претставувале безбедносни и културни ризици, тие сега доаѓале и со сериозни здравствени и економски ризици.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата