Орбан до Мишел: Повеќе пари за богатите држави е против вредностите на ЕУ

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан до Мишел: Повеќе пари за богатите држави е против вредностите на ЕУ

Премиерот Виктор Орбан во вторникот имаше видео конференција со претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел околу подготовките за самитот на Европската унија закажан за 17-18 јули.

Унгарската влада е заинтересирана да обезбеди „фер“ буџет за заедницата, но „сегашниот предлог е далеку од тоа“, се додава во соопштението од канцеларијата за печат на Орбан за разговорите.

На богатите земји не смее да им се даваат повеќе средства затоа што тоа би било во спротивност со европските вредности, рекол Орбан.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата