НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: Жена се породила на паркингот пред гинеколошка клиника

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: Жена се породила на паркингот пред гинеколошка клиника

Американката Сузан Андерсон на свет го донела своето бебе на паркингот кој бил оддалечен од клиниката во која требала да се породи само неколку метри. Моментот го забележале надзорните камери, а видеото е вистински хит на интернет.

За време на возењето до клиниката Сузан му рекла на својот сопруг Џозеф дека наскоро ќе почне породувањето и дека не сигурна дека ќе издржи до таму. Но кога стигнале на паркингот пред Центарот за трудници на Флорида нивното девојченце Јулија решило дека повеќе не може да чека да го запознае светот.

Во видеото се гледа како жената вреска и се превиткува, додека бабицата е покрај неа, спремна да го фати бебето. 

Сузан и Џозеф имаат уште една ќерка, која е родена на истата клинка, но породувањето поминало како што треба.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата