Ова се знаци дека не консумирате доволно вода

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова се знаци дека не консумирате доволно вода

Водата е многу важна за човечкиот организам, а редовното пиење вода има бројни предности. Освен што ги одржува бубрезите здрави, таа влијае и на изгледот на кожата како и на функционирањето на дигестивниот систем.

Во текот на летните месеци особено е важно да пиете вода, а ако не го правите во доволни количини, телото тоа јасно ќе ви го покаже.

„Во текот на летото со потењето и со дишењето се губат повеќе течности и се зголемува ризикот од дехидрација. Најчестите показатели на недостаток на вода се жед, сува уста, мачнини и појава на главоболка“, вели д-р Кит Грајмс за Metro.

Ова се знаците кои укажуваат дека внесувате премалку вода: жед, главоболка, урина со темно-жолта боја или силен мирис, вртоглавици, мачнини, сува уста, сува кожа, лош здив, умор, проблеми со концентрација и ретко мокрење.

Овие симптоми укажуваат на блага дехидрација, но кај потешките потребно е да одите на лекар. Направете го тоа ако имате слаб пулс, не сте мокреле цел ден, се чувствувате лошо кога ќе станете или сте збуните и деконцентрирани.

Особено треба да се внимава кај децата и постарите лица, како и кај спортистите. Кај нив ризикот од дехидрација е поголем.

Ако сте дехидрирани немојте да испиете веднаш голема количина вода, туку бавно, голтка по голтка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата