ГРЦИЈА СПРЕМНА ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА - Ама спремни се и да тестираат туристи

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГРЦИЈА СПРЕМНА ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА - Ама спремни се и да тестираат туристи

Направивме најдобра можна подготовка, нема отстапки во прашањата поврзани со безбедноста и јавното здравје, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, говорејќи за почетокот на туристичката сезона, јави дописничката на МИА од Атина.

На безбедноста на граѓаните и заштитата на јавното здравје се задржа и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај’’.

Тој рече дека се преземени сите неопходни мерки за да може земјата да ја гарантира безбедноста и на туристите и на локалното население, но и на туристичките работници.

- За нас, од стратешка важност се и економијата и туризмот, но секогаш со главен приоритет здравјето, јавното здравје, безбедноста на граѓаните. Ова е динамичен начин како ќе одиме напред, ќе тестираме, ќе собираме податоци – рече Кикиљас.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата