Спасовски во индустриската зона Визбегово: Со подобрена инфраструктура отвораме можности за нови инвестиции

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спасовски во индустриската зона Визбегово: Со подобрена инфраструктура отвораме можности за нови инвестиции

Увид во работите за изградба на водоводна и канализациона мрежа во индустриската зона Визбегово денеска извршија премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Во изјавата за медиумите, премиерот Спасовски истакна дека Владата во својата работа имала чеснен и домаќински пристап кој, како што рече, дал резултати.

„Овде, во индустриската зона Визбегово“ во општина Бутел, денеска објавуваме дека работите на изградбата на канализационата мрежа течат со засилено темпо што најавува дека може да биде завршена и порано од предвидениот рок. Овој проект кој е помогнат од централната власт се работеше во две фази. Првата фаза беше изградбата на 7,3 километри должина на водоводна мрежа која наскоро ќе биде пуштена, а во тек се градежните работи за изградба на канализациона мрежа долга 5,2 километри со два краци, со вредност од околу 147 милиони денари. Индустриската зона „Визбегово“ во Општина Бутел до сега функционираше без комунална инфраструктура. За нејзин поголем развој, потребно беше е да се постави водоводна и канализациона мрежа“, објасни Спасовски.

Тој потенцираше дека врвни приоритети на Владата се справувањето со коронавирусот и организирањето на демократски, фер и инклузивни избори и дека постојано Владата е на терен да се направи увид во напредокот на работите на голем број инфраструктурни проекти.

„Се спроведуваат и работите на автопатот од граничниот премин Блаце до Скопје, како исклучително важно инфраструктурно решение и за индустриската зона Визбегово. Овие проекти се резултат на пресвртот што го направи Владата од 2017 година наваму. Коалицијата со бизнис заедницата и со граѓаните ги стави нивните приоритети на прво место зашто дојдоа од нив и се реализираат како придобивки што ќе ги вратат парите од даноците на граѓаните и на компаниите во проекти што ќе го поттикнат нивниот стандард и нивниот економски напредок“, потенцираше премиерот.

Спасовски нагласи дека се гради и на други патни правци во Општината и дека се работи паралелно на многу други проекти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата