Министрите во владата на Србија се жалат дека претседателот Александар Вучиќ е премногу внесен во работата што понекогаш им создава проблеми. Тие велат дека Вучиќ знае по некогаш да им се јави среде ноќ и да ги праша за некој проект зошто доцни.

Расим Љаиќ, Зорана Михајловиќ и Ивица Дачиќ се министрите кои имаат најчести полноќни разговори со претседателот.

Ми се јавува и навечер и на сабајле. Ако нешто се случи ме прашува веднаш. Кога беше вонредната состојба ми се јави да ме праша дали има брашно. Јас рано станува но телефонот ми е ставен на тивок режим па не го слушам-објасни Љаиќ.

Најчитани вести