Скопје надмина 3.000 заразени досега, а ЧАИР СО 402 АКТИВНИ СЕ УШТЕ Е НА ВРВОТ

30.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопје надмина 3.000 заразени досега, а ЧАИР СО 402 АКТИВНИ СЕ УШТЕ Е НА ВРВОТ

Вкупната бројка на позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашните 132 новозаразени, се искачи на 6.209. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.484. Во текот на претходното деноноќие од Ковид-19 починаа 12 лица, со што бројот на оние кои ја изгубија битката со болеста сега е 298.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст од 56, 69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Во болницата во Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години, која денеска е потврдена позитивна.

Двајца вработени во кумановската болница, повторно позитивни на Ковид-19, откако претходно на почетокот на пандемијата го прележале заболувањето.

На Инфективната клиника хоспитализирани се 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во Скопје досега биле дијагностицирани на коронавирусот 3006 лица, а активни се 1986, од кои најмногу во општина Чаир околу 420, потоа следуваат Аеродром, Бутел, Гази Баба, Сарај, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, каде што бројот се движи од 100 до 150 заразени.

– Бројот на заразени во градот Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во други градови, во околината на Тетово и на Гостивар, во Штип не многу, но сè уште има, како и во Ресен и Битола. И тоа сè уште ја одржува бројката на заразени нешто повисока. Факторот на преносливост, во последните денови, е под единица и многу е битно така да опстане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките. Мора сите да сфатат дека само така ќе се извлечеме од оваа криза, изјави министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната посета на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, кој е нов КОВИД центар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата